Рома е сериозно загреана за Гонзало Игуаин, но потписот на Аргентинецот нема шанси да го обезбеди во директна размена за Един Џеко. Италијанските медиуми тврдат дека „волчицата“ испратила и официјална понуда за размена на напаѓачите на двата тима, по што експресно следел и одговор од актуелниот првак на Калчо-лигата.
Ставот на Јуве е дециден – Игуаин е достапен за трансфер, но само за парична понуда и никако за директна размена за нов напаѓач, со оглед на планот младиот Кеан да добива се поголема минутажа во текот на наредната сезона. Доколку Рома сака размена со Јувентус, тогаш шампионот е заинтересиран само за двве опции, Манолас или Заниоло.
На потег се челниците на римскиот клуб, кои најавуваат значитлни промени во играчкиот кадар за наредната сезона, но факт е дека добро ќе треба да платат ако сакаат да го видат Игуаин на „Олимпико“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА