Рома го претстави Артем Довбик

Италијанскиот калчолигаш Рома и официјално го претстави украинскиот напаѓач и најдобар стрелец минатата година во Ла лига, Артем Довбик.

Трансферот на Довбик од Џирона во Атлетико Мадрид беше договорен, но Украинецот во последен момент се премисли и реши да ја одбие понудата на тимот на Диего Симеоне, инсистирајќи на трансфер во Рома. Челниците на Џирона повторно седнаа на преговарачка маса, овојпат со раководството на римскиот клуб, за на крајот да биде договорено Рома да плати 30.5 милиони евра загарантирана сума, плус 5,5 милиони евра преку клаузули, а Џирона ќе добие и 10% од следниот трансфер на Украинецот.

„Рома е задоволнa што може да му каже добредојде на Артем Довбик во „жолто-црвеното“ семејство. Постигнат е договор со Жирона за трансфер на украинскиот напаѓач, кој наполни 27 години во јуни“, стои во соопштението на Рома. 

Се вчитува...