Рома официјално ја потврди новата соработка со Лоренцо Пелегрини, кој ќе остане на „Олимпико“ и во следниот период.
Триесетгодишниот офанзивен играч за врска, чиј претходен договор истече во јуни, потпиша договор на 1+1 година.
Пелегрини е продукт на младинската школа на Рома, а во клубот се врати во 2017 година од Сасуоло. За „волчицата“ досега одигра 349 натпревари, постигнувајќи 62 гола и запишувајќи 63 асистенции.
Тој долго време ја носеше и капитенската лента, а продолжувањето на договорот е уште еден чекор во плановите на Рома да ги задржи искусните фудбалери во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
