Рома дефинитивно е најактивниот италијански клуб на трансфер-пазарот летово откако управата реши да ги искористи и последните денови од преодниот рок за дополнително да го засили ростерот предводен од Џампјеро Гасперини.
Мартен де Рон од Аталанта ќе биде нов фудбалер на „римската волчица“ откако доцна синоќа беше договорен неговиот трансфер од Аталанта. Станува збор за играч што Гасперини добро го познава од времето минато во Бергамо, па токму тренерот инсистираше на овој трансфер како идеален за средниот ред на римскиот клуб. Аталанта доцна синоќа го потпиша Франк Кеси, по што даде зелено светло за заминувањето на Де Рон на „Олимпико“.
Член на Рома повеќе не е Нил Ел Ајануи, кој требаше да биде големо засилување по трансферот од Ленс во 2025 година, но не ги оправда очекувањата. Ел Ајануи сезонава ќе ги брани боите на Лајпциг откако германскиот клуб се договори за едногодишна позајмица за сума од 4 милиони евра, со можен целосен откуп на договорот на крајот од сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
