Рома остана без двајца играчи до крајот на 2019 година

Тренерот на Рома, Пауло Фонсека, се соочува со нови проблеми околу составот за последните овогодишни натпревари откако двајца фудбалери отпаднаа од комбинација поради повреди.

Најдобриот дефанзивец Крис Смолинг се пожали на болка во коленото, повредата не делува премногу сериозно, но се очекува англискиот интернационалец да паузира најмалку петнаесет дена. На повреда се жали и Лоренцо Пелегрини, врз кого денеска ќе бидат извршени детални прегледи, но прогнозите се дека ќе следи пауза најмалку до крајот на годинава.

Рома моментно со 29 бода се наоѓа на делба на четвртото место со екипата на Калјари. „Волчицата“ во преостанатите две средби од годинава ќе се сретне со екипите на СПАЛ и на Фиорентина.

Се вчитува...