Рома повторно му „дише во врат“ на Милан

Рома се проби на петтата позиција на табелата во италијанската Серија А откако во завршниот натпревар од 24. коло ја победи Болоња со 2-1. Тимот од главниот италијански град им се врати на победите, во претходните две кола имаше два нерешeни исхода. Со вечерашните три бода, Рома има вкупно 41, еден помалку од четвртоплaсираниот Милан.

Сите три гола на средбата беа постигнати во вторoто полувреме. Коларов во 54. минута погоди од пенал за водство на Рома, во 73. минута Фацио ја удвои предноста, а Сансоне на шест минути пред крајот на дуелот постигна гол со кој Болоња ја намали негативата, но не успеа вистински да ја загрози победата на римскиот тим.

За составот на Синиша Михајловиќ ова беше 12. сезонски пораз, со 24 бода се наоѓа во зоната на испаѓање, на 18. место на табелата.

Се вчитува...