Рома сака да го врати Сари во Серија А

Италијанскиот калчолигаш Рома планира да го врати Маурицио Сари во Серија А по завршувањето на сезоната. Менаџерот на Челси преживува кризни моменти на кормилото на клубот од „Стемфорд бриџ“, а раководството на Рома веќе му најавило дека смета на него како можен наследник за Еузебио ди Франческо.

Весникот „Ла Република“ тврди дека претседателот на Рома, Џејмс Палота, бил на вечера со Маурицио Сари и му го кажал планот за негов ангажман на крајот од сезоната. Ди Франческо ги загуби кредитите кај раководството на „волчицата“ со слабите резултати на тимот. Рома во моментот е на петтата позиција на табелата во италијанскиот шампионат.

Се вчитува...