Рома сака да го задржи Смолинг

Рома преговара за траен договор со Крис Смолиг. Клубот е исклучително задоволен од Англичанецот кој е на позајмица од Манчестер Јунајтед. Смолинг е неколку месеци во Италија и на 14 одиграни натпревари постигна два гола. Англискиот селектор, Герет Саутгејт минатата седмица беше да го гледа Смолиг. Тренерот на Рома, Морган Де Санктис признава дека клубот сака да го задржи англискиот интернационалец.

„Добро е познато дека се обидуваме да направиме договор од кој сите ќе бидат задоволни. Не брзаме, сакаме ова да го направиме како што треба. Мене ми се допѓа како играч, а тја рече дека е среќен во Рома“ – вели Де Санктис.

Смолинг одлично се снајде во Рома, но мораше да прави пауза поради повреда на коленото поради која нема да може да игра најверојатно до јануари.

Се вчитува...