Рома се лизна, Јуве побегна на „плус осум“

Јувентус направи уште еден чекор напред кон ново скудето, славејќи рутински на дуелот против Пескара со 0-2, па зголемувајќи ја предноста на врвот на осум бода, откако Рома не успеа да слави на домашен терен против Аталанта. Масимилијано Алегри одмори дел од првотимците во Пескара, но шампионот сепак одигра онолку колку што му беше доволно за нови три бода. Гонзало Игуаин ги разреши сите дилеми со два гола во првото полувреме, по што Алегри во вториот дел ги повлече и Пјаниќ, Дибала и Квадрадо, чувајќи им ги силите за реваншот со Барселона во ЛШ.

Рома одигра само 1-1 на домашен терен со Аталанта, откако по очајното прво полувреме на „волчицата“ гостите заслужено водеа преку Куртиќ. Рома заигра далеку подобро во вториот дел, најпрвин израмни со голот на Џеко, потоа имаше и бројни шанси (Наинголан ја погоди гредата), за на крајот тимот на Спалети да освои само еден наместо планираните три бода и уште повеќе да заостане зад Јувентус во трката за скудетото.

Палермо во уште еден разочарувачки натпревар одигра 0-0 на домашен терен со Болоња. Несторовски и Трајковски се најдоа во стартниот тим, Палермо повеќе од едно полувреме имаше и фудбалер повеќе, но сепак не успеа да стигне до позитивен резултат.

Горан Пандев конечно го постигна првиот гол во Серија А за тимот на Џенова против Лацио, со него Џенова поведе со 2-1, но „лацијалите“ на крајот сепак стигнаа до реми со голот на Алберто во 90. минута.

Резултати Италија:

Пескара – Јувентус 0-2, Рома – Аталанта 1-1, Интер – Милан 2-2, Палермо – Болоња 0-0, Калјари – Киево 4-0, Фиорентина – Емполи 1-2, Џенова – Лацио 2-2, Торино – Кротоне 1-1.

All Goals & Highlights HD – Pescara 0-2… by Super-By

All Goals & Highlights HD – AS Roma 1-1… by replayplanettv

Се вчитува...