Рома со нова моќна победа во Серија А

Рома делува навистина импресивно на стартот од новата сезона откако по првата победа над Фиорентина на домашен терен, „волчицата“ вечерва блесна и на гостувањето против Лече триумфирајќи со убедливи 0-4.

Уште еден меч во кој во главна улога беше Дониел Мален, кој со двата погодоци во раната фаза стигна до пет гола сезонава. Победникот беше решен во првите 25 минути, откако Рома ги казнуваше грешките на противниците и поведе со 0-3 (два гола на Мален, еден на Зуле).

На 0-4 во вториот дел зголеми младиот Мексиканец Мора, негов прв погодок во дресот на „волчицата“ по летниот трансфер од Порто.

Гасперини се смилува, па при 0-4 ги повлече Мален и Коне од игра, темпото на игра спласна и Рома рутински го приведе мечот до крај.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...