Романките ќе му судат на ЖРК Вардар против Ростов на Ф4

Романската судиска двојка, Анамарија Стоја и Дијана-Кармен Флореску ќе му суди на ЖРК Вардар на дуелот со Ростов Дон во полуфиналето на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Будимпешта. Делегати на ЕХФ на средбата ќе бидат поранешната словенечка репрезентативка, Ања Фрешер и Јута Ерман Волф од Германија.

Европската ракометна федерација ги делегираше судиите и делегатите за Ф4 турнирот од ЛШ што ќе се одигра на 12 и 13 мај во Будимпешта.

Второто полуфинале меѓу актуелниот шампион Ѓер и ЧСМ Букурешт ќе го судат Хрватите Далибор Јуринковиќ и Марко Мрвица, а делегати се Кармен Мачадо од Шпанија и Јанка Стасова од Словачка.

Големото финале ќе го судат Французинките Шарлот и Жули Бонавентура, а мечот за 3.место им припадна на Црногорките Јелена Митровиќ и Ангелина Казанегра.

Се вчитува...