Ромањоли се предомислува, капитенот на Милан останува на „Сан Сиро“!?

Алесио Ромањоли по завршувањето на оваа сезона ќе биде слободен агент, а шпеулациите велат дека дефанзивецот веќе е договорен со Лацио.

Последните информации во италијанските медиуми се дека капитенот на Милан би можел да остане во клубот и да потпише нов договор. Понудата на Лацио била далеку пониска од очекуваното, односно околу 3 милиони евра по сезона. „Росонерите“ исто така му понудија помал договор на својот капитен од сегашните 6 милиони, односно 4,5 милиони по сезона.

Ромањоли привлекува интерес и од неколку други клубови надвор од Италија, но можно е да остане во Милан, каде се чувстува удобно, а и клубот почна да напредува. Неговото место во првиот тим не е загарантирано со оглед на фантастичните игри на Фикајо Томори и Пјер Калулу, а тука е се и Симон Кјаер и Матео Габија.

Се вчитува...