Романски медиуми: Македонија не е за потценување…, “Дијамантот” Елмас…, Пандев – “феномен”…, ама ние ќе ги победиме!

ЕКИПА во Букурешт, Романија

Владимир Булатовиќ

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во Букурешт од 20:45 часот против Романија ќе ги почне квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Романските медиуми велат дека Македонија не е за потценување бидејќи ја има најдобрата генерација во историјата која за првпат ќе настапи и на едно големо натпреварување, откако се пласираше на Европското првенство.

„Предводени од „феноменот“ Пандев и „дијамантот“ Елмас дефинитивно Македонија ќе биде тежок ривал… Македонците не се за потценување, но ние мора да отвориме со победа…“ – се дел од насловите во романските медиуми.

Но, покрај големиот респект кој го носат кон македонската фудбалска репрезентација, сепак тие се едногласни дека императив е домашна победа за старт на мундијалските квалификации.

 

 

 

 

Се вчитува...