Романскиот боксер Викол го освои „Златниот Гонг“

Романскиот боксер Думитру Викол е освојувачот на 48. издание на традиционалната боксерска ревија „Златен Гонг“. Тој победи во финалето во категоријата до 75 килограми со 3-0 против македонскиот боксер Октај Фератов и се чини дека прикажа најмногу, освојувајќи ги симпатиите на стручното жири и на публиката. Повеќе од 40 боксери од осум земји продефилираа и оваа година на турнирот „Златен Гонг“ и понудија респектабилен квалитет.

Најдобат техничар е бугарскиот боксер Бојан Асенов, а за најдобар македонски боксер на ова издание на „Златниот Гонг“ беше прогласен Јасин Љама, кој победи во финалето во категоријата до 60 килограми.

Се вчитува...