Романските медиуми се воодушевени од Гранде – „Дедо Пандев не престанува да стрела“

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија и нашите навивачи се уште се главна тема во романските медиуми. И покрај победата на Австрија во првиот натпревар, во домашните медиуми главна вест е Македонија и капитенот!

Во дневниот весник „Клик“ посветени се две страници за Горан Пандев за кого буквално пишуваат „Горан Пандев – Дедо-голгетер“.

Интересно е тоа што за победата на Австрија има само краток параграф во долната страна од весникот, а се друго е посветено за „Гранде Пандев“. Заслужено, за се она што го прави за Македонија…

Се вчитува...