„Романтичарите“ ја напуштија Анталија, се враќаат во Скопје

„Романтичарите“ ја завршија втората фаза од зимските подготовки во Турција и денеска се враќаат во Скопје. Тимот на Работнички во Анталија замина на 26.јануари, и одработи десетдневни подготовки, а глазурата на формата за пролетниот дел од сезоната ќе следи во Македонија, објави македонскиот прволигаш на својот официјален сајт.

„Во Анталија имавме одлични услови за работа, кои се искористени на најдобар можен начин, за подобрување на физичките способности на фудбалерите, но и за воигрување на составот и за проверка на формата преку одигрување на пријателски натпревари“, велат од таборот на „романтичарите“.

vrakjanje 2

Работнички одигра три пријателски натпревари во Анталија, победувајќи ги украинскиот тим Днипро (3-2) и рускиот клуб Терек Грозни (2-0), а ремизираше без голови против унгарскиот прволигаш МТК (0-0). Одигра и еден неофицијален тренинг натпревар против украинскиот тим Олимпик Доњецк и загуби со 2-1.

Фото: www.fkrabotnicki.com

Се вчитува...