„Романтичарите“ на гости во Велес

По обврските во Купот на Македонија, македонските прволигаши се враќаат на предизвиците во националниот шампионат. Денеска, во седмото коло од Првата фудбалска лига, Работнички гостува во Велес и ќе ги одмери силите со Борец. Велешани доживеаја елиминација од Купот, но затоа имаат одличен ритам во првенството. Споија две победи, против Академија Пандев дома и против Силекс на гости и во моментот се наоѓаат на третата позиција на табелата со 11 бода.

Работнички нема пораз на последните пет меча во првенството и сака таа серија да продолжи и денеска во Велес. Избраниците на Ратко Достаниќ се максимално мотивирани да остварат позитивен резултат. Но, и тимот Горазд Михајлов ќе се сака да одговори позитивно по елиминацијата од најмасовното фудбалско натпреварување.

Натпреварот меѓу Борец и Работнички е закажан за 15 часот и ќе го суди Марјан Гоцевски од Струмица. Останатите натпревари од седмото коло се на програмата утре.

ПРВА ЛИГА, 7.КОЛО

БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ (15 ч., ДЕНЕСКА)

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (УТРЕ)

ВАРДАР – БЕЛАСИЦА

РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ШКУПИ

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС 

 

Се вчитува...