Романци ќе ни судат на последниот меч на ЕВРО 2020

Романска судиска тројка ќе ја дели правдата на последниот натпревар на Македонија на ЕВРО 2020.

На натпреварот против Холандија во понеделник (21. јуни) од 18 часот на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам правдата ќе ја дели Истван Ковач, а ќе му помагаат сонародниците Васил Флорин Маринеску и Овидиу Артен. Четврти судија ќе биде Георги Кабаков од Бугарија, додека задолжен за ВАР е Марко Ди Бело од Италија.

Македонската селекција против Холанѓаните ќе игра за престиж и првиот свој бод на европските првенства, сега без притисок во желбата за позитивен крај на шампионатот.

Се вчитува...