Романците без голманот на Интер, Раду…, Македонија без Зајков

Проблемите со пандемијата на коронавирусот се активираат и во двете селекции пред пресметката меѓу Романија и Македонија на 25. март на стартот од квалификациите за СП 2022.

Позитивен на Ковид-19 е дефанзивецот Ѓоко Зајков кој нема да биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски за мартовскиот собир.

Поради позитивни резултати на тестирање на коронависурот во Интер, голманот Јонут Раду не може да и се приклучи на репрезентацијата на Романија. Па на негово место повикан е Флорин Јакон од УТА Арад.

Како што информираат романските медиуми на листата на играчи што чекаат повик е и Валентин Кожокару од Виторул Констанца, како нов фудбалер на списокот на романскиот селектор.

Се вчитува...