Романците поведуваат во Букурешт: Танасе го совлада Димитриевски за 1-0… (ВИДЕО)

ЕКИПА во Букурешт, Романија

Владимир Булатовиќ

Репрезентацијата на Романија има водство од 1-0 по првиот половина час игра против Македонија во 1. коло од квалификациите за СП 2022.

По израмнетата игра во првата четвртина од мечот, Романците до предност дојдоа со голот на Танасе во 28. минута кој изби сам пред голманот Димитриевски, откако претходно доби одлична топка од Кирикеш…

Претходно Македонија имаше две убави можности за погодок, но Несторовски во 8. минута и Пандев во 22. минута не успеаја да реализираат.

Се вчитува...