Рон Броја: Шкупи беше многу подобар, но ете некогаш не се може против судбината

По одличниот старт на пролетта, Шкупи го нанижа и вториот едноподруго пораз во домашниот шампионат. По оној во претходното коло од Вардар (0-1), чаирчани сега загубија со идентични 0-1, но овојпат неочекувано од Македонија ЃП.

Бројни шанси не реализираа фудбалерите на Шкупи, не успевајќи да го совладаат одличниот Марко Јовановски, а на крајот добија казна со прекрасниот погодок на Боби Божиновски.

„Беше тоа навистина тежок натпревар. Бевме подобри, но ете судбината сакаше да доживееме пораз. Имавме неколку одлични шанси за гол кои не успеавме да ги искористиме, а потоа имаше пад во играта во финишот. Мислам дека дадовме максимум но можеби тоа сега не беше доволно за триумф. Продолжуваме понатаму и веќе на следниот натпревар против Беласица ќе мора да се вратиме на победите“ – вели фудбалерот од средниот ред на Шкупи, Рон Броја.

Се вчитува...