Роналд Куман останува тренер на Барселона!

Роналд Куман ќе остане тренер на Барселона. По вчерашниот состанок со раководството на тимот предводен од претседателот Жоан Лапорта, лидерите на тимот од „Камп Ноу“ одлучија да ја продолжат соработката со Куман.

Каталонските медиуми пренесуваат дека управата гласала во корист на холандскиот стручњак, кој ќе ја предводи Барселона и во новата сезона.

Куман ја предводеше Барса на 54 натпревари, а успеа да обезбеди 34 победи, 9 нерешени и 11 порази. Со Барселона, 58-годишниот тренер го освои Копа дел Реј, ја заврши Ла Лига на третото место и беше „нокаутиран“ од ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите.

 

 

 

 

Се вчитува...