Роналдињо му испрати порака на Меси со поддршка за новите предизвици во ПСЖ

Лионел Меси и официјално стана нов играч на ПСЖ. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња потпиша двегодишен договор со францускиот гигант, кој летово создаде вистински дрим-тим на „Паркот на Принцовите“.

Откако Лео потпиша за ПСЖ, се јави и неговиот голем пријател, бразилската легенда Роналдињо, па тој на Меси му посака голем успех во новиот клуб.

„Беше големо задоволство да се носи дресот на овие два клуба (Барселона и ПСЖ), а сега го гледам мојот пријател во дресот на ПСЖ. Лео, ти посакувам многу среќни моменти. Среќен сум и што мојот пријател Серхио Рамос е во тимот. Ми мириса трофејот во Лигата на шампионите“, рече Роналдињо.

За бразилската легенда, клубот од Париз беше првиот европски клуб. Играше на „Паркот на принцовите“ од 2001 до 2003 година кога замина во Барселона. Во дресот на ПСЖ, Роналдињо не освои трофеи, но освои се што можеше со Барселона, а Меси од него ја наследи „десетката“ на каталонскиот клуб.

 

 

 

 

Се вчитува...