Роналдињо се впушта во политика

Легендата на Барселона, Роналдињо Гаучо ќе се кандидира за сенатор на Бразил на изборите кои треба да се одржат следната година во јужноамериканската држава. Роналдињо ќе биде биде кандидат во државата Минас Жераис од зелената партија на Жаиро Болсонаро, кој ќе се кандидира за претседател на Бразил.

Славниот фудбалер имаше план да ја објави својата кандидатура овој викенд преку организирање на хуманитарен фудбалски меч во Минас, но лошото невреме го прераспореди спектаклот за следната недела, кога Роналдињо официјално ќе ја објави својата кандидатура.

 

Се вчитува...