Роналдо беснеел во соблекувалната на Јуве по неодиграниот меч со Наполи

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, збеснал во соблекувалната на „старата дама“ по неодиграниот меч со Наполи во Серија. Скандалот се случил откако му соопштиле дека нема да може веднаш да замине на собирот со репрезентацијата.

„Газета дело Спорт“ открива дека Португалецот бил многу лут на клупското раководството затоа што морал да остане во хотелот и да чека дозвола од здравствените власти за да го напушти Торино. Тоа воопшто не му се допаднало, а на крајот на сопствена одговорност гја напуштил клупската база. Потоа Јувентус издејствувал сепак да добие дозвола за да замине во Португалија и да им се приклучи на соиграчите од националниот тим.

Се вчитува...