Роналдо дал голови против 40 различни земји, не и против Македонија

Кристијано Роналдо одигра уште еден извонреден натпревар во репрезентативниот дрес откако со четири погодоци ја предводеше Португалија до триумф од 1-5 на гостувањето против Литванија.

Со тоа Кристијано стигна до бројката од 93 гола за националниот тим, а интересен е и податокот дека Литванија беше 40. различна репрезентација против која тој успеа да се запише во листата на стрелци.

На оваа листа не се наоѓа селекцијата на Македонија. Роналдо ја предводеше Португалија на пријателски меч со нашиот национален тим во мај 2012 година, но „црвено-жолтите“ предводени од селекторот Џон Тошак успеаја да ги издржат португалските налети и тој натпревар заврши 0-0.

Се вчитува...