Роналдо добива заслужен одмор против Леганес

Реал Мадрид вечерва (18.45 часот) го игра заостанатиот натпревар од Примера против Леганес, кој не се одигра поради учеството на „кралевите“ на клупскиот мундијал во декември. „Кралевите“ имаат можност со победа на оваа средба да ја прескокнат Валенсија на третото место на табелата и да ја намалат разликата во однос на Барселона на 14 бода, а тренерот Зидан реши да експериментира со тимот.

Имено, Кристијано Роналдо воопшто не отпатува со остатокот од екипата на ова гостување откако Зидан реши да му даде заслужен одмор на својот најдобар играч по серијата напорни натпревари што Португалецот ги одигра во дресот на „кралскиот клуб“. Заедно со Кристијано одмор на денешниот меч ќе добие и првиот голман Кејлор Навас.

Покрај Роналдо и Навас, во тимот на Реал ќе ги нема ниту повредените Крос, Модриќ и Марсело, што ќе значи шанса за Ковачиќ, Иско и за Тео Ернандез.

Се вчитува...