Роналдо е под истрага поради прекршување на коронавирус протоколот

Кристијано Роналдо, кој и натаму е во изолација поради вториот позитивен тест на COVID-19 има и дополнителни проблеми. Јавното обвинителство спроведува истрага против него за прекршување на протоколите за коронавирусот. Оваа информација ја потврди министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора.

Кристијано не го почитуваше протоколот. Федералното обвинителство кое треба да го докаже ова спроведува истрага. Ако овој вирус не научи сите на нешто, тоа е дека не постојат исклучоци за никого“ – изјави министерот.

Ова доаѓа откако Спадафора јавно го критикуваше Роналдо за тоа што се врати во Италија откако имаше позитивен тест додека беше на репрезетатвен ангажаман во Португалија. Министерот тврди дека бил прекрешен протоколот и оти Роналдо воопшто не добил дозвола за влез во државата од здравствените власти. Португлаецот ги отфрла обвинувањата.

Се вчитува...