Кристијано Роналдо се уште не е сигурен дали и во новата сезона ќе остане на „Олд Трафорд“, а пред подготовките со Јунајтед во разговор со медиумите откри дека не планира да ја заврши кариерата во Манчестер.
Последен клуб во кариерата на Роналдо треба да биде Спортинг Лисабон, каде што играше Португалецот во 2002/03.
„Кариерата со сигурност ќе ја завршам во Спортинг, мора да им се одолжам со тоа што ќе играм за нив барем една година. Клубот во мене виде никој друг што не можеше, па без нив сега најверојатно ќе работев во Мекдоналдс“, потенцираше емотивниот Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА