Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо е голем љубител на брзите автомобили. Ѕвездата на Јувентус по освојувањето на трофејот во италијанската Серија А, одлучен е да се почести со најскапиот автомобил во светот, пренесува шпанскиот весник „Марка“.
За Португалецот, кој е еден од најплатените спортисти во светот не е никаков проблем да стане сопственик на најновиот модел на „Бугати“ кој го носи името „La voiture noire“. Спортскиот модел за првпат беше претставен на саемот за автомобили во Женева, со кој компанијата го прослави 110. роденден, а вредноста на автомобилот е 11 милиони евра.
Cristiano Ronaldo podría ser el comprador del coche más caro del mundo: Un Bugatti de 11 millones @MarcaFutbolint ???? @marcamotor ?https://t.co/BQlKcyHqg1 ?@Bugatti sólo habrica una unidad del #LaVoitureNoire pic.twitter.com/0gjxHCu2mq
— MARCA Buzz (@MARCABuzz) April 30, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА