Роналдо го реши Еибар

Реал Мадрид ја оствари 17.победа во Ла Лига оваа сезона, совладувајќи го Еибар на гости со 1-2. Кристијано Роналдо ја продолжи голгетерската серија и на овој меч. Португалецот ги постигна двата гола за „кралевите“ и беше најзаслужен за триумфот на Зинедин Зидан.

Роналдо го отвори резултатот во 34.минута, Еибар израмни преку Иван Рамис на почетокот на вториот дел, но Португалецот не дозволи Реал Мадрид да испушти бодови на ова гостување. Во 84.минута го постигна вториот гол кој се покажа и дека е победнички за неговиот тим.

Се вчитува...