Роналдо и Георгина предизвикаа „лудница“ во Портофино, обезбедувањето имаше само една задача… (ФОТО)

По завршувањето на сезоната во Серија А, фудбалерите на Јувентус очекувано добија неколку денови заслужен одмор, пред осминафиналето од Лигата на шампионите против Лион кое ги чека веќе во петок.

А, во центарот на вниманието повторно главно Кристијано Роналдо кој со семејството се одмора во Портофино. Синоќа во придружба на Георгина, Роналдо беше на вечера, па очекувано цело Портофино тоа го следеше.

По кратката прошетка се сместија во ресторанот „Ла Лангостерија“ каде престојуваа неколку часа. Со Роналдо беше и неговото обезбедување како фановите не би му пречеле во дружбата. А, нивната задача единствено беше никој освен келнерите да не се доближува до масата на Роналдо.

На Роналдо на вечерата му се придружи и неговиот поранешен соиграч од Спортинг, Хозе Семедо, со кого останаа големи пријатели.

Се вчитува...