Двајцата фудбалери кои ги одбележаа последните две децении, Кристијано Роналдо и Лионел Меси на крајот од годината, наместо еден против друг како што беше најчесто во нивните кариери, би можеле да играат заедно на фудбалскиот спектакл кој треба да се одржи во Аргентина кон крајот на годината.
Имено, иако Карлос Тевез пред четири години се пензионира, дури сега ќе има службено простување од навивачите на Бока јуниорс и тоа на легендарната „Бомбоњера“.
Предвидено е на теренот да се појават екипа составена од пријателите на Тевез од светот на фудбалот но и од регионот каде што израсна против екипа составена од поранешни негови соиграчи од репрезентацијата на Аргентина и од клубовите во кои што настапуваше.
На листата на имиња кои Тевез планира да ги повика на фудбалскиот спектакл се и тие на Лионел Меси со кого играше заедно во аргенската репрезентација, и на Кристијано Роналдо со кого беше соиграч во Манчестер Јунајтед.
Фудбалскиот спектакл треба да се одржи декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
