Роналдо и Ренато Санчез најдобри во Португалија

Кристијано Роналдо е избран за најдобар фудбалер на Португалија за 2016 година. Тој со националниот тим успеа да го освои трофејот на Европското првенство во Франција, а исто така и со Реал Мадрид стана европски клупски првак.

„Благодарен сум за оваа награда и сакам да ја поделам со сите мои соиграчи од репрезентацијата, со кои дадовме голем труд и успеавме да испишеме историја во Франција. Многу луѓе не веруваа во нас кога не испраќаа на Европското првенство, но ние покажавме дека оваа селекција има голем квалитет“, изјави Роналдо на свечената церемонија.

За најдобар млад фудбалер на Португалија е избран Ренато Санчез, кој во изборот ги победи Андре Силва и Желсон Мартинс.

Се вчитува...