Роналдо и Салах далеку зад најдобриот

Освојувачот на наградата „The Best“ на ФИФА, Лука Модриќ добил за 10 проценти повеќе гласови од второпласираниот во трката, Кристијано Роналдо, а речиси трипати помалку гласови од него има Мохамед Салах, кој беше третиот во најтесната листа претенденти за наградата.

Модриќ добил 29,05 проценти од гласовите, Роналдо 19,08, а Салах е далеку зад нив со 11.23 проценти. Многу блиску до него на четвртото место е францускиот репрезентативец, Килијан Мбапе кој добил 10.52. Лео Меси е на петтата позиција. Потоа следуваат Гризман, Азар, Де Бруине, Варан и Кејн, кои ја заокружуваат најдобрата „десетка“.

Многу помала е разликата во гласовите меѓу најдобрите фудбалерки. Бразилката Марта триумфираше со 14.72 проценти од гласовите, само два проценти повеќе од Германката Џенфер Марожан на второто и Норвежанката Ада Хегерберг на третото место.

Тесна битка се водела и за изборот на најдобар тренер на годината. Лауреатот, францускиот селектор Дидие Дешамп, само за пет проценти е победник пред сонародникот Зинедин Зидан, кој беше номиниран поради успехот со Реал Мадрид во минатата сезона.

Се вчитува...