Роналдо: И тоа како сакам да се соочам со Реал, ама во финалето на ЛШ

За понеделник во Нион е закажана ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите. Една од можните пресметки е и онаа меѓу Јувентус и Реал Мадрид, што би значело дека Кристијано Роналдо се враќа во Мадрид против клубот каде е најдобар стрелец во историјата со 450 гола и со кој освои четири титули во ЛШ.

„Реал има неверојатен состав, па повеќе би сакал да играм против нив што покасно. И тоа како сакам да се соочам ама во финалето, тоа некако би го прифатил“ – вели Роналдо.

„Имав проблеми со коленото последните неколку недели. Но, сега се е во ред, одлично се чувствувам и се е во ред. Напредуваме како тим“ -истакнува Португалецот, притоа коментирајќи го и односот со тренерот Маурицио Сари кој не е совршен во последно време.

„Тренерот е тој кон носи одлуки, а ние фудбалерите мора да ги почитуваме. Но, не кријам дека се забавувам на теренот кога играм заедно со Дибала и Игуаин. Се разбираме и одлично се согласуваме на терен“ – нагласува Роналдо.

Се вчитува...