Роналдо или „Пеналдо“ – Кристијано е играч со најмногу пенали во историјата на Ла Лига

Кристијано Роналдо се враќа во голгетерски ритам откако по двата погодоци во второто полувреме со Ла Коруња, Португалецот денеска постигна нови два гола во првиот дел против Валенсија.

Најдобриот светски фудбалер за 2017 година двата погодоци денека ги постигна од белата точка, со што стана рекордер на шпанскиот фудбал по бројот на изведени пенали. Имено, со денешните два Роналдо стигна до бројката од 72 пенали изведени во дресот на Реал во „Ла Лига“, надминувајќи го досегашниот рекорд на уште една легенда на Реал Мадрид, Мексиканецот Хуго Санчез.

Од овие 72 удари од единаесет метри, Роналдо постигна 61 гол, а единаесет негови обиди беа непрецизни.

Воедно, со денешните две реализации Кристијано стигна до јубилејни 100 гола постигнати од пенал во неговата кариера, севкупно на клупски и репрезентативен план.

Се вчитува...