Роналдо им помага на „кралевите“: Бразилецот нуди 150.000 за пораз на Атлетико Мадрид!

Денес во Шпанија не чека вистинска драма во борбата за титулата шампион во последното коло. Битката ќе се води меѓу двајца кандидати, градскиот ривал Атлетико и Реал Мадрид.

Реал може да ја освои титулата само доколку го победи Вилјареал, а градскиот ривал Атлетико не победи во дуелот против Валјадолид.

Проблем за „јорганџиите“ е што Валјадолид се бори за опстанок, а доколку победи, а Елче и Хуеска загубат (двата тима играат на домашен терен), тие ќе останат во Примера. Сопственикот на Валјадолид, легендарниот бразилски фудбалер Роналдо, им вети на играчите на неговиот клуб премија од по 150 илјади евра, доколку го победат Атлетико во последното коло од шпанската лига.

Дополнителен мотив за Роналдо да ги награди играчите е секако фактот дека Реал е негов поранешен клуб.

Роналдо играше за „кралевите“ од 2002 до 2007 година, а тогаш негов соиграч беше денешниот тренер Зинедин Зидан, додека претседател во тоа време беше Флорентино Перез. Шпанските медиуми тврдат дека ова трио склучило пакт, па големи пари се во игра со цел да се мотивираат фудбалерите на Валјадолид од кои се очекува да му наштетат на Атлетико и да му пружат отпор на тимот на Симеоне.

Се вчитува...