Роналдо: Имаме голем респект за Македонија, добро се организирани

Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо на денешната прес-конференција пред дуелот со Македонија, зборуваше со респект за нашиот национален тим, и рече дека ако играат како што знаат, можат да победат секого.

„Македонија е многу организирана репрезентација, и имаме многу респект кон нив. Но, ако одиграме најдобро што знаеме, тогаш можеме да победиме секого. Добро е што Пепе се враќа во тимот. Знаеме колку е важен за нашата репрезентација“, рече Роналдо.

Кристијано потоа им се налути на новинарите, кога го прашаа дали ова за него ќе биде последен Мундијал.

„Секогаш ме прашувате истото прашање. За мојата иднина одлучувам само јас. И точка“, изјави луто Португалецот.

Се вчитува...