Роналдо ја „фрли ракавицата“: Португалецот сака да се врати во Реал, но чека повик од Перез

Се повеќе се зборува за потенцијалното враќање на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид по три години поминати во италијански Јувентус. Португалецот има голема желба да се врати во шпанската престолнина, но само во случај „кралскиот клуб“ да биде заинтересиран за него.

Весникот „Марка“ во последниот број се повикува на свои извори блиски до Португалецот, па објави напис во кој вели дека КР7 има големи шанси од лето повторно да стане играч на Реал.

„Роналдо е убеден дека и понатаму може многу да придонесе за успехот на Реал“, пишува Марка.

Одличниот голгетер оваа сезона постигна 30 гола на 34 натпревари. Главната амбиција на Роналдо да дојде во Торино беше да ја донесе „Старата дама“ во финалето на Лигата на шампионите и да им донесе титула, но досега тоа не му успеа, а оваа сезона повторно нема да има можност да се бори за трофејот под водство на Андреа Пирло затоа што во осминафиналето Јуве беше елиминиран од тимот на Порто.

Кристијано Роналдо (36) играше за Реал од 2009 до 2018 година, а на 438 официјални натпревари во тимот од Мадрид постигна неверојатни 450 погодоци.

 

 

Се вчитува...