Роналдо капитулираше, „Златната копачка“ за Имобиле

Чиро Имобиле ќе биде освојувач на „Златната топка“, откако од Јувентус информираа дека Кристијано Ронадло нема да биде дел од мечот на „Старата дама“ против Рома во последното коло од Серија А. Јуве веќе ја осигура титулата во домашниот шампионат, па затоа Маурицио Сари нема да ризикува првата ѕвезда на тимот да се повреди пред натпреварите од Лигата на шампионите.

Чиро Имобиле во моментов има 35 постигнати гола, a денеска против Наполи на нашиот Елиф Елмас ќе има шанса да го подобри досегашниот учинок, по што и официјално ќе биде прогласен за најдобар голгетер сезонава. Второто место му припадна на Роберт Левандовски кој во Бундеслигата годинава постигна 34 гола. Роналдо беше единствениот кој можеше теоретски да го загрози асот на Лацио, бидејќи до денешниот натпревар имаше 31 гол.

Се вчитува...