Кристијано Роналдо ги израдува фановите на Јувентус откако португалскиот ас денеска почна со тренинзи со остатокот од тимот, ставајќи до знаење дека ќе биде подготвен навреме за да може да настапи на неделниот дерби-дуел со Наполи.
Најдобриот фудбалер на „старата дама“ се мачеше со проблем со скочниот зглоб, повреда заработена на натпреварот со Болоња. Тој вчера тренираше индивидуално, но за среќа лекарските прегледи покажаа дека не станува збор за ништо посериозно, давајќи зелено светло Кристијано да почне да тренира и со соиграчите. Тој без проблем го издржа целиот тренинг, па речиси сигурно е дека Роналдо ќе биде стопроцентно подготвен за да ги одигра сите 90 минути во Неапол.
Јувентус има удобна предност на врвот на табелата од тринаесет бода во однос на Наполи, а триумф на неделното дерби би го запечатил новото скудето на најтрофејниот италијански клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА