Кристијано Роналдо постигна три погодоци на досегашниот дел од СП 2026, но португалскиот ас не крие дека посакува добрата форма да ја продолжи и на утрешниот дуел со селекцијата на Шпанија.
Иако критикуван за слабиот настап во првото коло, Кристијано се покажа како значаен адут на селекторот Мартинез на овој мундијал…
„Мислам дека не е толку лошо како што некој сакаше да го прикаже. Дадов три гола, некој има и повеќе, но јас сум задоволен од оствареното досега, и секако…. сакам да продолжам и да дадам уште некој погодок и да бележиме нови победа. Работа ми е да трчам, да отворам простор, да помагам на тимот, но сите добро знаете – ако дојде некоја топка до мене во шеснаесетникот, ќе ја сместам во мрежата“, задоволно изјави Роналдо.
Воедно, големиот ас одби да одговори на прашањето дали ова светско првенство ќе биде последно големо натпреварување во неговата репрезентативна кариера.
„Кога во пензија со репрезентацијата? Кога јас ќе кажам, а не вие или било кој друг. Не сакам ни да размислувам за тоа сега, фокусот ми е само на селекцијата на Шпанија“, истакна Кристијано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
