Роналдо крвав го напушти теренот против Евертон! (ФОТО)

Манчестер јунајтед загуби со 1-0 на гостувањето кај Евертон во натпревар од 32. коло од Премиер-лигата.

Покрај тоа што веќе скоро па сигурно јунајтед нема да игра во Лигата на шампионите следната сезона и со други проблеми се соочува тимот од „Олд трафорд“.

Имено Кристијано Роналдо иако го одигра цел натпревар и поради неспортско однесување доби жолт картон во 87. минута, на крајот очигледно бил во право што цело време се жалеше кај судијата. Неговата нога беше крвава на крајот на мечот, по големиот број удари кои му ги зададоа фудбалерите на „карамелите“.

Се вчитува...