Роналдо ли е, Емини ли е? Мајсторски гол на фудбалерот на Македонија ЃП во Струга (ВИДЕО)

Сефер Емини, играчот на Македонија ЃП погоди во судиското надополнување и донесе 0-3 за својот тим на гостувањето кај Струга ТЛ. Прекрасен гол на Емини, откако доби топка, мина низ четворица играчи и од десната страна со силен удар стрелаше во горниот агол од голот на Талески.

Сите од Струга ТЛ останаа во чудење откако ја видоа топката во мрежата, на голема радост на ѓорчепетровци кои се блиску до победа на „жешкото“ гостување во Струга.

Погледнете го голот низ видео:

Се вчитува...