Роналдо, Модриќ и Салах, во трка за наградата на ФИФА

Најдобриот фудбалер според УЕФА, Лука Модриќ, како и Португалецот Кристијано Роналдо и Египќанецот Мохамед Салах, се тројцата фудбалери кои се најдоа во најтесна конкуренција за наградата на ФИФА. Признанието „The Best“ оваа сезона нема да им припадне на Лионел Меси или на Антоан Гризман, кои отпаднаа од конкуренцијата.

Одбрани се номинациите за останатите категории во пресрет на гала-манифестацијата на ФИФА, на која ќе бидат откриени најдобрите.

Голман: Куртоа (Реал Мадрид), Лорис (Тотенхем), Шмајхел (Лестер)

Награда Пушкаш (најдобар гол): Бејл, Черишев, Кристодолопулос, Де Араскаета, Мекгри, Меси, Павар, Кварезма, Роналдо, Салах.

Тренер во машка конкуренција: Далиќ (Хрватска), Дешамп (Франција), Зидан (Реал Мадрид)

Тренер во женска конкуренција: Педрос (Франција), Такакура (Јапонија), Вигман (Холандија)

Навивачи: Јапонски и сенегалски навивачи, навивачи на Перу и Себастијан Карера

Најдобар женски играч: Хегерберг (Норвешка), Марожан (Германија), Марта (Бразил)

 

 

Се вчитува...