Роналдо не ги заборави навивачите на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо постигна хет – трик на синоќешниот реванш осминафинален дуел во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. По натпреварот Португалецот не ги заборави ниту навивачите на Реал Мадрид, на кои им испрати порака.

„Им испраќам прегратки на сите на кои Реал им е во срцето“, им порача Роналдо, по што го прегрна новинарот на „Ел чирингуита“, телевизиско шоу кое е посветено на Реал Мадрид.

Навивачите на Реал посакуваат Роналдо да се врати во нивните редови, поради кризата во која е влезен „кралскиот“ клуб по неговото заминување.

Се вчитува...