Роналдо не застанува, и покрај тоа што е блиску до 40 години. Во првиот меч за Ал Наср во новата сезона постигна три гола. Сепак, тој по натпреварот зборуваше за пензионирањето, и кажа во кој клуб ќе ја заврши кариерата.
Тој кажа дека не знае кога ќе се пензионира, но најверојатно тоа нема да го стори во Португалија, туку во Саудиска Арабија.
„Не знам дали ќе се пензионирам во следните 2-3 години. Но, веројатно ќе се пензионирам во Ал-Наср. Многу сум среќен тука, се чувствувам одлично и сакам да играм во оваа земја“, изјави Роналдо, кој на прашањето дали потоа ќе стане тренер, одговори:
„Не размислувам во тоа. Во иднина се гледам во работи кои се надвор од фудбалот“, рече Роналдо кој на прашањето дали и понатаму ќе игра за репрезентација, кажа дека кога ќе се реши да се откаже, ќе ги информира сите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА