Роналдо одби да игра – Пукна тиквата во Ал Наср

Капитенот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, наводно одбил да игра на натпреварот од лигата против Ал Ријад. Според повеќе извори, Кристијано Роналдо е исклучително незадоволен од начинот на кој се води клубот и односот на Саудискиот јавен инвестициски фонд (PIF) кон Ал Наср.

Тој не е задоволен бидејќи во овој преоден период, Ал Наср го донесе само 21-годишниот ирачки играч од средниот ред Хајдир Абдулкарим, додека во исто време директните конкуренти, првенствено Ал Хилал, носат скапи засилувања.

Таа разлика, истакнуваат извори блиски до клубот, особено го погоди португалскиот напаѓач бидејќи покажува нееднаков третман на клубовите кои формално се под иста управувачка рамка.

Ал Хилал треба да го доведе и поранешниот соиграч на Роналдо, Карим Бензема во своите редови. Роналдо постигна 17 гола оваа сезона и е втор стрелец во лигата, додека Ал Наср го дели второто место со 43 бода, исто како и Ал Ахли. Лидерот Ал Хилал има три бода предност.

Се вчитува...