Роналдо останува во Јуве, се друго е лага…

Кристијано Роналдо продолжува со одличните игри во дресот на Јувентус, со два гола предводејќи ја „старата дама“ до триумф над Калјари. Португалецот во последните дваесетина дена редовно е поврзуван со заминување од Јувентус, но неговиот агент Жорге Мендеш категорично ги демантираше ваквите гласини.

Според Мендеш, Кристијано е воодушевен од работата со Андреа Пирло, кој е главен фактор за неговото останување во Јуве.

„Кристијано ќе урне уште многу рекорди како член на Јувентус. Наспроти она што се пишуваше, тој нема намера да си замине од Јуве пред истекот на договорот во јуни 2022 година. Пирло го има „маѓепсано“, тој сака да остане бидејќи во Торино се чувствува како дома, а има и огромна поддршка од тренерот и од соиграчите“, истакна Мендеш.

Се вчитува...